Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » БЕРЗИТЕ УТРИНАВА БЕЗ СЕРИОЗНИ ПРОМЕНИ: Доларот ослабе, падна и цената на нафтата
Берза

БЕРЗИТЕ УТРИНАВА БЕЗ СЕРИОЗНИ ПРОМЕНИ: Доларот ослабе, падна и цената на нафтата

март 6, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На Азиските берзи цените на акциите пораснаа бидејќи се очекува забрзување на растот на кинеската економија, но на пазарите нема еуфорија бидејќи централните банки поради високата инфлација ќе продолжат да ги зголемуваат каматните стапки.

Индексот МЦСИ на азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, околу 7 часот беше во плус за 0,7 отсто.

Притоа, јапонскиот индекс Никкеи зајакна за 1,1 отсто, додека цените на акциите во Хонг Конг, Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,1 и 0,9 отсто. Во Шангај, пак, тие паднаа за околу 0,2 отсто.

Растот на индексот главно се должи на забрзувањето на растот на кинеската економија, после укинувањето на рестриктивните мерки за корона вирусот, на што укажуваат сите најнови макроекономски податоци.

Зголемена е оценката за растот на кинеската економија

Кинеските власти објавија дека се стремат кон 5 отсто економски раст годинава. Заради тоа, многу аналитичари ги зголемија своите проценки. Така, на пример, аналитичарите на швајцарската УБС банка ја зголемија проценката за раст на кинеската економија од 4,9 на 5,4 отсто.

Но, кочница за берзите претставуваат најавите на централните банки за натамошно зголемување на каматните стапки.

Сите последни податоци покажуваат дека инфлацијата во САД и понатаму се држи на високи нивоа, што значи дека американската централна банка ќе мора да продолжи да ги зголемува каматите.

Така, на пазарот на пари, проценките за каматите на ФЕД се зголемени, па сега се очекува дека до септември тие ќе се подигнат во опсег од 5,50 до 5,75 отсто, додека сега каматите се движат меѓу 4,50 и 4,75 отсто.

Заради тоа, оваа недела во фокусот на инвеститорите ќе биде извештајот на претседателот на ФЕД, Џероми Пауел, до Конгресот, за состојбата на економијата, како и податоците за вработувањата во САД во февруари.

Се очекува и зголемување на каматните стапки на Европската централна банка. Претседателката на таа банка, Кристин Лагард, за време на викендот изјави дека ЕЦБ многу веројатно во овој месец ќе ги зголеми каматите за дополнителни 0,50 процентни поени и дека банката ќе мора да продолжи да работи на сузбивање на инфлацијата.

Оваа недела, пак, се очекува австралиската централна банка повторно да ги зголеми каматите, сега за 0,25 процентни поени, додека Централна банка на Канада најверојатно ќе ги остави каматите непроменети.

Доларот ослабе, цената на нафтата падна

А, на валутните пазари падна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути, по минатонеделниот раст од 0,6 отсто.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот пара во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 104,45 поени, додека во петокот вечерта изнесуваше 104,60 поени.

Притоа, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 135,85 на 135,60 јени.

Доларот ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0645 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0635 долари. Цените на нафтата паднаа откако минатата недела пораснаа за повеќе од 3 отсто. Барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,64 отсто, и сега чии 85,28 долари, додека на американскиот пазар барелот поефтини за 0,65 отсто, на 79,15 долари.

актуелно банка барел берза камати нафта
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.