Кендис Овенс, контроверзна конзервативна коментаторка, на социјалната мрежа „Х“ изнесе бизарна теорија за тоа дека Брижит Макрон (70) всушност е родена како маж. Овој лажен заговор првпат го објави француското екстремно десничарско списание „Факти и документи“ (Faits et Documents), откако Емануел Макрон (46) во 2022 година освои втор мандат.
Имено, се вели дека француската прва дама всушност е родена како Жан Мишел Троњо, пред да го започне животот како жена на 30-годишна возраст.
Покрај тоа, се наведува дека таа не родила ниту едно од своите три деца, а за нејзиниот прв сопруг, 69-годишен пензиониран банкар, кој во 2020 година, наводно, починал како пустиник, се тврди дека никогаш и не постоел.

„Откако сè темелно истражив, убедена сум дека Брижит Макрон е всушност маж и подготвена сум да ја ставам целата моја репутација на коцка заради ова тврдење. Секој новинар или публикација што се обидуваат да ја отфрлат оваа веродостојност може веднаш да се идентификуваат како естаблишмент. Немам намера да се откажам од оваа приказна и ги повикувам другите новинари да се занимаваат со оваа експлозивна приказна“, рече Кендис Овенс, а потоа жестоко продолжи:
„Ако Брижит Макрон навистина сака да ги побие овие тврдења, нека објави фотографии од првите 30 години од нејзиниот живот. Но, не, таа нема да го стори тоа. Полесно и е да ги нарекува луѓето заостанати и трансфобични. Само покажи ни стари фотографии!“

Овенс, исто така, анализираше ретка фотографија од семејството на Брижит Макрон кога таа била дете и заклучила дека првата дама на Франција и нејзиниот постар брат се всушност иста личност.
„Теоријата е дека првата дама Брижит Макрон е родена како Жан-Мишел Троњо, така што таа е всушност Жан-Мишел. Значи тој 30 години живеел како маж, имал пет деца, а потоа на 30-годишна возраст станал Брижит. Би било сосема лудо да се каже дека овие две лица (Брижит и Жан-Мишел) не се неверојатно слични! На крајот на краиштата, зошто тогаш одбива да ѝ го претстави на јавноста Жан Мишел, за кого тврди дека и е брат? Ако навистина ти е брат, те молам само прошетај со него за конечно сами да се увериме во тоа“, изјави Кендис Овенс.
Информацијата за тоа дека Брижит Макрон е транс личност, која датира од 2021 година во Франција, се враќа неколку месеци пред американските и европските избори.
Видеата во кои новинарите го поттикнуваат и фалат овој лажен заговор за првата дама на Франција оттогаш се отстранети од „Јутјуб“.







