Американскиот милијардер и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс на својата ќерка Џенифер за претстојната диплома и купи ранч со коњи во вредност од 15,82 милиони долари.
Ќерката на милијардерот наскоро ќе дипломира на престижниот американски универзитет Стенфорд, а после тоа планира да се посвети на јавачките спортови од највисок ранг.
Затоа нејзниот татко како подарок и купи фарма со коњи во Норт Салем. Пред четири години, Гејтс потроши 18 милиони долари на ранч во Сан Циего кој го купи од фитнес тренерот Џени Крејг.
Џенифер Гејтс ја опишуваат како една од најталентираните јавачки помлади од 25 години. Таса планира да се посвети на јавачката кариера една година, а потоа, по дипломата за биолог, ќе се запише на медицина.