Основачот на „Амазон“ и главниот извршен директор Џеф Безос ја загуби титулата на најбогат човек на светот, а првото место го запоседна соосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс.
Акциите на „Амазон“ во четвртокот попладнето паднаа за 7 отсто, соборувајќи го огатството на Безос на 103,9 милијарди долари. Тоа го доведе на второто место меѓу најбогатите луѓе во светот.
На врвот сега повторно е Гејтс, вреден 105,7 милијарди долари.
Во 2018 година Безос стана најбогат човек и прв чие богатство изнесуваше преку 100 милијарди на листата на „Форбс“, со нето вредност од 160 милијарди долари, со што го прекина дваесет и четиригодишниот низ на Гејтс на тронот.
Но, падот на нето вредноста на извршниот директор на „Амазон“ не е главно последица од падот на акциите на компанијата. Безос четвртина од свјот удел во фирмата го пренесе на поранешната сопруга Мекензи Безос, како дел од нивниот договор за развод, којшто е завршен на почетокот на оваа година. Мекензи Безос „тежи“ 32,7 милијарди долари и е меѓу 20 најбогати луѓе на светот.
Гејтс, пак, во 2014 година се повлече од местото претседател на „Мајкрософт“ и сега е само член на одборот. Тој продаде или подари поголем дел од својот удел во компанијата и го прерасподели своето богатство. Сега е копретседател на Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, најголемата приватна добротворна фондација на светот.
Бил Гејтс дебитираше на првата листа на милијардери на „Фобс“ во 1987 година со нето вредност од 1,25 милијарди долари.
Безос прв пат им се придружи на најбогатите Американци во 1998-ма, една година откако беше формирана „Амазон“, со нето вредност од 1,6 милијарди долари.







