Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Битиќи во Њу Џерси: Државната поддршка за инвестиции е потпора и за пазарните успеси на македонските компании во САД
Економија

Битиќи во Њу Џерси: Државната поддршка за инвестиции е потпора и за пазарните успеси на македонските компании во САД

септември 25, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на САД, по повод учество на Генералното собрание на ОН, ја посетија компанијата „Фаст Пак Трејдинг“, во сопственост на Иванчо Ивановски, основана пред 30 години, а која врши дистрибуција на над 1.000 различни македонски производи во сите сојузни држави на САД.

При обиколката на дистрибутивниот центар на компанијата во Њу Џерси, вицепремиерот Битиќи, ја истакна заложбата на Владата за негување и развивање на контактите со дијаспората, посебно во насока на унапредување на економските врски и создавање на стимулативни услови кои мотивирачки би делувале, Северна Македонија да ја препознаат како реална можност за развивање на нивниот бизнис.

Вицепремиерот Битиќи изрази задоволство што компанијата „Фаст Пак Трејдинг“ е пример за тоа како еден бизнисмен од македонската дијаспора може да допринесе во развивањето и унапредувањето на економските врски помеѓу САД и Северна Македонија, особено од фактот што сите добавувачи на компанијата „Фаст Пак Трејдинг“ се од Северна Македонија.

„Задоволство е да се види како успесите кои се остваруваат на американскиот пазар од над 300 милиони потрошувачи во целост се засноваат на потенцијалите на стопанството во Северна Македонија.  Уште повеќе радува фактот дека пазарниот успех е споделен со компании од Северна Македонија, чии производи, благодарение на претприемачките способности на г-нот Ивановски, завршуваат на пазарот во САД.

Ова зборува дека во нашето стопанство имаме компетитивни компании способни да испорачаат конкурентни производи и во најсилната економија во светот. Успесите на „Фаст Пак Трејдинк“ се потврда и за ефективните политики на Владата за поддршка на инвестициите, затоа што дел од добавувачите во Северна Македонија финансиски се поддржани преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите“, рече вицепремиерот Битиќи по обиколката на еден од дистрибутивните центри на компанијата.

Вицепремиерот Битиќи изразувајќи честитки за успесите на компанијата, на сопственикот Ивановски му порача своето претприемачко знаење да го пренесе во Северна Македонија и со тоа уште подлабоко да се вклучи во градењето на економскиот развој на земјата и зголемувањето на благосостојбата на граѓаните, за што од Владата може да очекуваат силна партнерска поддршка.

актуелно инвестици поддршка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.