Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Битиќи и министерот Нуредини на промоција на заеднички проект на ГИМ и Макстил
Економија

Битиќи и министерот Нуредини на промоција на заеднички проект на ГИМ и Макстил

септември 30, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, денес, на покана на Градежниот институт Македонија (ГИМ) и на компанијата Макстил, присуствуваа на настан, на којшто беше презентиран заедничкиот проект на ГИМ и Макстил, наречен „Cinderela“, комплексен истражувачки и иновативен проект, финансиран од програмата „Хоризонт 2020“ на Европската Комисија, базиран на можностите за намалување на урбаниот индустриски отпад, кој има за цел развивање и демонстрирање нов бизнис модел на циркуларната економија.

Вицепремиерот Битиќи во своето обраќање пред присутните нагласи дека циркуларната економија е еден од начините како да се максимизира употребата на расположливите и ограничени природни ресурси и да се обезбеди одржлив економски раст и развој, и притоа да се редуцира емитувањето на јаглерод диоксид.

„Им благодарам на претставниците на ГИМ и Макстил за заедничкиот труд, а задоволен сум со тоа што и наши научни институции и компании се вклучени во вакви, за наши прилики, револуционерни проекти, кои се на еден начин зачеток на циркуларната економија, која има огромен потенцијал во Република Северна Македонија. И денеска сум навистина среќен, што конечно, приватниот сектор почна активно да зборува за циркуларната економија и на дело се покажува дека се може. Сепак жалам, што како држава доцниме десетина години во овие процеси“, рече вицепремиерот.

Битиќи  додаде дека доколку сакаме интензивен и одржлив економски развој на земјата, за кој сите чинители несомнено се залагаат и се посветени кон таа цел, мора да се инвестира и да се воспоставуваат соработки, по примерот на соработката помеѓу ГИМ и Макстил и да се поттикнува циркуларната економија.

„Практично, преку циркуларната економија, она што се гледа како отпад, како бескорисно, би можело да стане секундарен ресурс и да добие нова, додадена употребна вредност. Тоа ќе придонесе за поздрава и почиста животна средина, пониски емисии на стакленички гасови, истовремено намалувајќи ги трошоците на бизнисите и паметна употреба на достапните природни ресурси. Денеска имаме еден успешен пример, но во нашата земја имаме и низа на други примери коишто не се искористуваат. За сегментот на циркуларната економија треба да зборуваме отворено и за сите други сектори. Во енергетика каде ги имаме РЕК Битола и РЕК Осломеј, за рудниците, во земјоделството, со особен фокус на сточарството. Еден податок укажува дека во секторот сточарство на светско ниво, се произведува околу 14,5% од вкупните стакленички гасови, метан, јаглерод диоксид, нитро-оксиди и други. Таму има навистина голем потенцијал. Во јаловината и пепелта која е во РЕК Битола и во РЕК Осломеј, навистина постои огромна можност за циркуларна економија и пракса за циркуларната економија, коишто може да се употребат во градежништвото. Затоа, сметам дека денес е моментот отворено да зборуваме за се што се нуди како можност“, потенцираше вицепремиерот Битиќи и додаде дека развојот на циркуларната економија ќе биде составен дел од Националната развојна стратегија, која ќе треба да го трасира развојниот пат на Северна Македонија  за наредните 20 години.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини нагласи дека го поздравува овој проект кој се реализира токму во моментот кога МЖСПП и Владата го трасираат патот кон воспоставување на циркуларна економија во државата.

„Овој проект е конкретна апликација на она што ние го планираме во реформата во секторот отпад: селектирање, реупотреба, рециклирање и преработка. Една од клучните алки во овој ланец која ја обезбедивме ние како министерство, е статусот на секундарна суровина. Добро е кога политиката и праксата се следат и кога развојните политики наоѓаат своја потврда во реалноста. Овој бизнис модел на циркуларна економија за одржлив урбан развој и градба „Cinderela“ покажува дека тоа е можно. Да се искористи секундарната индустриска суровина како градежен материјал е одличен проект за намалување на количините на депониран отпад и ги заштитува примарните ресурси и во исто време дава поевтино и побрзо решение за реконструкција на патиштата. Значи, имаме домашно решение за троската што е нус производ на топењето на старо железо, при што ја користиме како замена до 20% за цемент, асфалтирање и тампонирање на улици, паркинзи и слично “,  подвлече министерот Нуредини.

Проектот „Cinderela“ го презентираа генералниот директор на ГИМ, Влатко Иванов, претседателот на одборот на директори во Макстил Димитар Цветковски и проектниот менаџер во ГИМ, Златко Илиовски, а истиот се реализира од конзорциумот на тринаесет извонредни истражувачки институции и организации од седум европски земји: Словенија, Италија, Србија, Шпанија, Полска, Холандија и Северна Македонија, структуриран во 6 локални демонстративни активности и неколку организациски структури, меѓу кои е и Градежен Институт Македонија, кој за потребите на проектот има склучено Договор за деловно техничка соработка со Макстил АД Скопје.

Како дел од пилот-демонстрационите простори на проектот „Cinderela“ воспоставени се постројки за обработка во Марибор (Словенија), Мадрид (Шпанија) и Скопје (Северна Македонија). Со инсталација на овие постројки, целта е да се демонстрираат техничките, технолошките и административните можности за обработка и користење разни нештетни материјали, како и некои други видови секундарни суровини за производство на одржливи градежни производи.

Очекуваното влијание на проектот „Cinderela“  е да ги намали негативните влијанија на индустријата и градежништвото врз животната средина. На тој начин ќе им помогне на градежните компании да ја зголемат својата конкурентност нудејќи одржливи услуги.  Позитивното влијание врз животната средина ќе стане реалност преку понудата на проверени решенија за намалено користење примарни суровини и реупотреба на отпадот и секундарните индустриски суровини како материјал со нова вредност.

битиќи гим макстил Нуредини
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Пет нови лета до Виена, Краков, Вроцлав, но и до Сицилија и Сардинија

мај 21, 2026

Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“:„’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

мај 14, 2026

Потрошувачката на бензини пораснала за над 8 проценти, дизелот и натаму најкористено гориво во земјава

мај 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.