Криптовалутата биткоин ја достигна цената од 4.700 долари, што е огромен скок во само неколку часови.
Оваа вредност е нов рекорд кога е во прашање биткоинот, а споредбено со минатиот месец тој е поскап за 1.984 долари.
Во однос на минатата недела биткоинот „поскапе“ за речиси 500 долари, поточно за 481,19 долари.
Тоа што е посебно интересно е податокот дека за само 24 часа, односно од понеделникот, на оваа виртуелна валута цената порасна за 238 долари.







