Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Благото не е единствен виновник за покачен шеќер во крвта
Здравје

Благото не е единствен виновник за покачен шеќер во крвта

октомври 21, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Контролирањето на нивото на шеќер во крвта е од суштинско значење за одржување на здравјето – особено за луѓето со дијабетес или предиспозиција за оваа болест.

Иако слатките се првото нешто што доаѓа на ум кога се зборува за шеќер, има и други намирници коишто исто така предизвикуваат нагол скок на шеќерот во крвта. Ендокринологот и нутриционистка Армине Афонина од Моква, Русија, наведува некои намирници што треба да се внесуваат внимателно, како и подготовки на храната што може да влијае на рамнотежата околу шеќерот во телото, објави „Н-1“.

Имено, според Афонина, покрај слатките, други намирници со висок гликемиски индекс коишто влијаат на шеќерот, се и колачите со пченично брашно, белиот ориз, пирето од компири… Кога се консумираат вакви јаглехидрати, телото брзо ги разградува и тоа предизвикува брз скок на шеќерот, а потоа исто толку брз пад, оставајќи нè така уморни и често гладни бргу по оброкот.

Гликемискиот индекс мери колку брзо одредена храна го подига нивото на шеќер во крвта.

Храната со висок гликемиски индекс брзо ослободува гликоза, додека онаа со низок гликемиски индекс го прават тоа побавно, обезбедувајќи постабилно ниво на енергија и подобра контрола на шеќерот. Така, и сушеното овошје, на пр., го зголемува шеќерот во крвта.

Д-р Афонина препорачува урамнотежена исхрана којашто вклучува различни извори на протеини, здрави масти и јаглехидрати со низок гликемиски индекс. Нутриционистката, затоа, препорачува умереност и околу сувото овошје и советува тоа да се комбинира со храна богата со влакна и протеини за да се намали влијанието на шеќерите. Влакната ја забавуваат апсорпцијата на шеќерот, а со тоа го намалуваат гликемичното оптоварување на оброкот. Таа, исто така, нагласува дека начинот на којшто се подготвува храната може значително да го промени нејзиниот гликемиски индекс.

Во таа смисла, и пире од компири има повисок гликемиски индекс од печен компир, како што и варен бел ориз којшто предизвикува побрз раст на шеќерот од кафеавиот ориз што содржи повеќе влакна и сложени јаглехидрати.

Заедно со правилната исхрана, умерената физичка активност исто така може да помогне за стабилен шеќер во крвта, пониска тежина и помала опасност од хронични болести, како што е дијабетесот. Редовното вежбање му помага на телото подобро да го користи инсулинот – клучен хормон за регулирање на гликозата во крвта.

Заклучокот гласи: Одржувањето на нивото шеќер во крвта бара свесност за тоа што се јаде и како храната влијае на телото. Покрај избегнувањето на слатките, важно е да се води сметка за целиот состав на оброкот, вклучувајќи го и начинот на подготовка на храната.

Одржувањето стабилно ниво на шеќер не е само прашање на избегнување шеќер и благи нешта, туку и разбирање на влијанието на секојдневната храна.

 

 

 

Фото: МИА

благо единствен крв шеќер
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Чешка ќе дозволи лекарите да препишуваат лековити „магични печурки“ од следнава година

декември 9, 2025

Истражување: Седата коса е природна заштита против меланом

ноември 24, 2025

Над половина милијарда лица со дијабетес во светот – Македонија со речиси 141 илјада случаи

ноември 14, 2025
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.