Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Блумберг“: Национализмот во Европа може да го поткопа закрепнувањето на Балканот
Македонија

Блумберг“: Национализмот во Европа може да го поткопа закрепнувањето на Балканот

февруари 16, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот на Република Северна Македонија се надева дека непосредното членство на неговата земја во НАТО ќе биде дел од еден поширок процес што ќе го поврзе западниот регион со Европската Унија и ќе ги постави темелите за нејзиниот економски развој во текот на следната деценија. Но, подемот на националистите на парламентарните избори во ЕУ во мај би можел да ја блокира таа цел, а упорноста на балканските националисти дома може да им послужи како изговор, анализира „Блумберг“.

Во текстот „Национализмот во Европа фрла сенка врз процесот на ‘лекување’ на Балканот“ објавен денеска, „Блумберг“ се осврнува на вчерашното интервју на Заев во Минхен, оценувајќи дека „кога Зоран Заев ја поставува својата визија за просперитет и интеграција за Балканот, постои еден голем ризик на хоризонтот“.

„Едно нешто за кое не се грижи е веројатно промената на водството во Грција по изборите оваа година. Лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис, минатиот месец рече дека Грција го задржува правото да стави вето на својот сосед за влез во ЕУ во секое време. ‘Полесно е да коментирате за нешто кога сте опозициски политичар, Мислам дека реториката ќе се промени откако ќе биде на власт’, рече Заев”, стои во написот.

Како што наведува авторот, од Република Северна Македонија до Босна, националистичките политичари остануваат влијателни на Западен Балкан. Во Босна и Херцеговина, водачот на српското малцинство, Милорад Додик, се појави како најмоќен политичар, застапувајќи поделба на земја која се уште се бори со последиците од војните во 1990-тите. Во овој контекст е и цитатот на Заев од интервјуто во кој, меѓу другото, тој изразува надеж дека „политичарите ќе бидат повеќе во корист на државите и заедничкото европско општество, отколку на нивните или партиските анкети зашто тоа е иднината на светот”.

„Ако имаме намера да бидеме заедно, мора да престанеме да размислуваме дека сè во светот почнало од нашите народи. И не само на Балканот. Интеграцијата е начин да се зајакнат животните стандарди на некои од најсиромашните луѓе во Европа и да се запре егзодусот на нивните најталентирани на Запад, вели Заев во вчерашното интервју.

„Блумберг“ се осврнува и на денешната изјава на германската канцеларка Ангела Меркел која ги пофали двајцата водачи за нивната храброст да постигнат компромис. -„Се откажав”, изјави таа за публика од високи претставници за одбрана и надворешна политика во Минхен. „Во сите оние долготрајни конфликти за кои не пронајдовме решенија, ако имате потребна храброст, можете да најдете, пишува „Блумберг“.

Заев, според анализата на „Блумберг“, се надева дека членството во НАТО ќе ги интензивира странските инвестиции. Предвидува дополнителни вложувања од околу 300 милиони евра годишно.

актуелно Блумберг Европа ЕУ национализам
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.