Автомобилската компанија БМВ планира да вложи дополнителни 600 милиони долари во својата фабрика во американската сојузна држава Јужна Каролина и да отвори уште 1.000 работни места во следните четири години.
Тоа вчера го најави генералниот директор на БМВ, Харалд Кригер, во моментот кога германската автомобилска индустрија прославува 25 години производство во американскиот округ Спартанбур.
„Благодарение на експанзијата, вкупната работна сила на БМВ во таа постројка ќе биде зголемена на повеќе од 10.000 луѓе, што, според моето мислење, е очигледен показател на успех“, изјави Кригер.
Фабриката во Јужна Каролина е најголема на светот за производство на популарните автомобили на БМВ, моделите „Х“.
Во Јужна Каролина, според податоците на американското Министерство за трговија, се наоѓаат речиси 400 компании од секторот за производство на моторни возила кои вработуваат 66.000 лица.