Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Богдановиќ најави нови ДУП–ови според желбите на граѓаните, а не по желбите на моќниците
Скопје

Богдановиќ најави нови ДУП–ови според желбите на граѓаните, а не по желбите на моќниците

април 3, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, во интервју за МИА зборува за проектите, состојбата и идните планови на општината.

ДУП–ови кои ќе се изготват по Мораториумот, вели Богдановиќ, ќе придонесат за нормален развој на Центар по сите параметри и по желбите и интересите на граѓаните, а не по желбите на инвеститорите и моќници. Најави пролетна офанзива за реконструкција на улиците и тротоарите, а и таму каде што е потребно и на канализациската мрежа.

Еве ги одговорите на градоначалникот во интервју за МИА.

 

Во каква состојба ја затекнавте општина Центар?

„Со преземањето на општина Центар, на 25 октомври, констатиравме дека општината се наоѓа во добра состојба. Кредитните обврски се девет милиони евра и тоа за изградба на училиштето во Капиштец, кое општината го гради со сопствени средства и за раскинување на договорот за изградба на катната гаража. Општината има обврски од судски пресуди од милион евра поради погрешните политики на Владимир Тодоровиќ и ВМРО- ДПМНЕ. Пример има двојно платени комуналии од Азманов кои што сега треба да се вратат, како и судски пресуди со „Бетон“ за чии услуги работа на проектот „Скопје 2014“ е започната истрага, вели Богдановиќ.

Откако ја презедовте функцијата градоначалник, кои проекти ги реализиравте?

„Општината нема комплетно квалификуван кадар, особено во делот на инспекцијата. Кадри кои се дефицитарни се инспекторите и се работи на носење квалитетен и обучен кадар за покривање на оваа област, а другите сектори  располагаат со соодветен кадар. Меѓу првите чекори што ги преземавме е стабилизација на тлото на земјата, т.е. Советот изгласа мораториум за нови градби се до прегледување и испитување на сите ДУП-ови. Ова општина Центар ја чини многу финансиски, но еднаш засекогаш мора да се стави крај на непланското работење. Неопходно беше ставање на овој мораториум за да почнат да се изготвуваат ДУП–ови кои ќе придонесат за нормален развој на Центар по сите параметри и по желбите и интересите на граѓаните, а не по желбите на инвеститорите и моќници, нагласи Богдановиќ.

Тој потенцира дека се испитува кои објекти добиле одобрение за градба, а не се испочитувани законските рокови.

„Дел од објектите вцртани во ДУП-овите од страна на ВМРО-ДПМНЕ кога беше на власт ќе значат узурпација на зеленилото или слободниот простор. Тоа нема да го дозволиме, бидејќи тоа ќе значи дополнително уништување на јавниот простор. Во овој период се врши ревизија и демонтирање на нелегалниот проект „Скопје 2014“. Општина Центар нема да дозволи дивоградби на својата територија, истакна Богдановиќ.

Кои се приоритетите на општина Центар?

„На пролет започнуваме со пролетна офанзива за реконструкција на улиците и тротоарите, а и таму каде што е потребно и на канализациската мрежа. До крајот на годината, во соработка со БЕГ, Маџар маало ќе биде поврзано на градско парно греење. Хаосот во паркирањето почнува да се средува. Анализата ќе покаже каде е потребно поставување на монтажни гаражи, кои нема да одат на сметка на узурпирање на јавно зеленило или јавен простор. И годинава ќе се спроведува проектот „Цел Центар на точак“ и „Нега на стари лица во домашни услови“. Ќе се продолжи со практиката за зазеленување на сите слободни површини што може да бидат „маалски“ паркови, а наедно ќе се постават и автоматски системи за наводнување. Во практика оваа активност би опфаќала и поставување нова урбана опрема во рамките на секој парк поединечно и таму каде што е потребно. Како конкретна мерка во поглед на зазеленувањето на слободните површини ќе се изврши и целосно реновирање на Урбан парк.

До сега рекордни 12 милиони и 150 илјади денари ќе се одвојат за реконструкција и одржување на зеленилото. Планирана е изградба на нови паркови, ќе се засадуваат оформени дрвја и ќе се обезбедат 5.000 дрвја кои ќе бидат засадени на повеќе локации. За субвенционирање на печки за пелети одделени се 6.000.000 денари.

Греењето е најголем загадувач и затоа општина Центар заедно со БЕГ започна со подготовки на инфраструктурни проекти со цел во населбата Маџир Маало да се постави топлификациска мрежа за да се замени постојниот систем на греење на дрва и на други горива. Веќе се започнати разговори за започнување на гасификација на општината.

Предвидени се 2.000.000 денари за соларни панели, 40.900.000 денари за енергетски фасади, за субвенционирање за реконструкција на покриви 5.000.000 денари, за лифтови 3.000.000 денари, а за монтажни паркинзи 44.000.000 денари.

Во наредниот период ќе се започне со неколку пилот-проекти за зелени фасади и поставување зелени покриви таму каде што има можности. Општина Центар во изминатите четири години исплаќа субвенции за велосипеди. И оваа година ќе продолжи трендот за стимулирање на граѓаните за да купуваат и користат велосипеди и за ова ќе се одвојат 2 милиони и 800 илјади денари, рече Богдановиќ.

БЕГ дебар маало инфраструктура нега општина паркови точак центар
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

ХУМАНОСТА КАКО ТРАДИЦИЈА: „АЛКАЛОИД“ СО НОВА ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА НАЈМЛАДИТЕ

септември 21, 2026

Street Food Picnic втор пат во Центар, три дена храна, музика и семејна забава

септември 18, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.