Британскиот премиер Борис Џонсон и други британски официјални лица синоќа испратија честитки до војводата и војводката од Сасекс по повод раѓањето на нивната ќерка Лилибет Дајана Маунтбатен-Виндзор.
– На војводата и војводката од Сасекс им го честитам раѓањето на нивната ќерка, се наведува во честитката од Џонсон.
Честитка испрати и лидерот на британските Лабуристи, Кит Стејмер, како и други британски политичари. Второто дете на британскиот принц Хари и Меган се роди во петокот во Санта Барбара, во близина на Лос Анџелес.