Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бродвејскиот мјузикл „Ени Јуниор“ во Филхармонија
Култура

Бродвејскиот мјузикл „Ени Јуниор“ во Филхармонија

декември 23, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Мјузиклот „Ени Јуниор“, кој првпат беше изведен на сцената на Бродвеј во 1977 година, денеска ќе биде одигран во Филхармонијата во преработка на македонски јазик.

Учесниците во мјузиклот се на возраст од осум до шеснаесет години, а
главните улоги ги толкуваат Неда Димкова како Ени, Магдалена Алексовска како г-ца Хениген, Лара Иванова како Грејс Фарел и Симеон Коруноски како Оливер Ворбакс.

Мјузиклот „Ени Јуниор“ е инспириран од популарниот стрип на Харолд Греј – ,,Малото сираче Ени“, а на сцената во Бродвеј е изведен над 2.000 пати.

„Ени Јуниор“ е проект на Здружението за инклузивно и неформално образование „КРЕО-АКСИС“, што се спроведе под водство на Наташа

Лалчевска, музички педагог и хорски диргент.

Приказната за Ени се случува во триесетите години во Њујорк, за време на големата економска криза, позната како Големата Депресија.

Уште како бебе, родителите ја оставиле Ени пред портите на сиропиталиштето, со писмо во кое и ветуваат дека еден ден ќе се вратат по неа.

Тешкиот живот на сирачињата во домот дополнително им го загрозува строгата воспитувачка г-ца Хениген.

Но, шармантната и досетлива Ени ќе успее да си најде свој дом во семејството на милијардерот Оливер Ворбакс.

Во повеќемесечните подготовки на проектот активно беше вклучена кореографката Биљана Стојановска-Трајковска, која со учесниците работеше на танцовите движења автентични за музиката од 30-тите години на минатиот век, младиот актер Радо Алексовски кој работеше со ансамблот на актерска игра, сценски говор со техника на глас, сценски движења, координација, градење лик и поставување мизансцена, додека препевот го направи авторката Весна Малинова Бабамов.

Составен дел од мјузиклот се и двата проекти „Подари карта за другарче”, што подразбира да купите карта за дечињата и штитениците на здруженијата „Проект Среќа” и „Дајте ни крилја”, како и за дечињата од малите групни домови, по цена од 300 денари и да му овозможите на некое непознато другарче да присуствува на овој предновогодишен настан и „Подари книга за другарче”, што подразбира да ја донирате Вашата омилена книга на самиот настан, споделувајќи мудрост со дечињата од ранливите категории. Книгите ќе можете да ги оставите во фоајето на Филхармонија, на обележаното место.

Проектот е поддржан од претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски.

„Ени Јуниор“ мјузикл Филхармонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Првиот фестивал на кинески филмови ќе биде отворен со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“

октомври 2, 2026

Њујорк тајмс“ ги избра најдобрите серии на 21 век

септември 29, 2026

Враќање на Селин Дион на сцената, по шестгодишно отсуство поради сериозна болест

септември 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.