Вардар со 26:24 го победи Загреб во финалето од СЕХА лигата и со тоа македонскиот шампион ја освои четвртата титула во регионалното ракометно натпреварување, втора во низа.
Салата „Јане Сандански“ беше исполнета до последното место.
Загреб 50 минути беше рамноправен, го даде максимумот, но Вардар во последните десет минути го скрши отпорот на противникот.
„Црвено-црните“ во 54. минута поведоа со највисоки 25-20.
Со победата над хрватскиот претставник во финалето, Вардар стана единствената екипа кој има четири титули во регионалното натпреварување.







