Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Варошлија сведочеше за дружбата со Боки 13, Тодоровиќ, Панделески и Ременски повлечени од листата на сведоци
Судски процеси

Варошлија сведочеше за дружбата со Боки 13, Тодоровиќ, Панделески и Ременски повлечени од листата на сведоци

март 3, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Модниот стилист Сергеј Варошлија, сопственичката на оптика Марија Јанковска и сопственикот на галерија Алекс Кртов, денеска сведочеа на судењето за случајот „Рекет“, за тоа од каде и како се познаваат со обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 и за неговиот стил на живот.

Варошлија, кој сведочеше трет, рече дека со Бојан Јовановски се познава повеќе од 15 години, со кого има и соработувано и дружено.

– Често патувајќи среќаваше многу познати луѓе од модниот бизнис.

Поради својата различност и често беше поканет на разни ревии и промоции. Често му подаруваа парчиња облека зашто го сметаа за инфлуенсен балкански лик, изјави Варошлија.

По отворањето на 1ТВ, рече дека бил вработен како заштитно лице.

– Имав прво авторски договор и потоа бев вработен. Добивав плата на сметка, рече Варошлија.

Ана Камчева му била клиентка, а Зоран Милевски, најпрво го знаел од град, а потоа и интензивно кога почнал да се дружи со Јовановски.

– Доаѓаше во 1ТВ и дома кај Бојан Јовановски. Често одевме на вечери и ручеци.

Еднаш има дојдено во телевизијата со Ана Камчева, рече Варошлија.

Еднаш, посочи Варошлија, бил поканет на ручек во ресторан од Бојан Јовановски, каде била и Ана Камчева.

На прашање од обвинетиот Бојан Јовановски, како се финансирала 1ТВ, Варошлија рече дека имале многу клиенти и реклами, посочувајќи дека требал да ја промовира водата Пелистерка во својата емисија.

На прашање од обвинителката Вилма Рускоска, дали му е познато дека има фискални сметки за брендираната облека, Варошлија рече дека не му е познато, но и дека не тврди дека се му е подарено.

Прва сведочеше Марија Јанковска, која е сопственик на оптика. Таа рече дека се знаат повеќе години со Боки 13 со кого соработувале и му давала очила како на позната личност за промоција на нејзината продавница Заедно патувале во Франција, Италија и Грција каде што присуствувале на разни модни настани или на одмор.

– Секогаш се сум си плаќала сама. Сместување, пат и трошок. Кога сме оделе на модни ревии и настани на Бојан некогаш му даваа и разни парчиња облека од познати марки како промоција за влијателна личност, изјави Јанковска.

Сведокот одговараше само на прашања од адвокатот на Бојан Јовановски, додека обвинителката не постави ниту едно вкрстено прашање.

Вториот сведок Алекс Кртов, сопственик на галерија, рече дека Бојан Јовановски му бил муштерија и му урамувал огледала за станот во Орман.

– Му правев некое огледало за станот во Орман. Имаше добар стан и тогаш го уредуваше. Јас му предложив да ставиме некои уметнички слики да постојат некое време. Знаете во тоа време тој беше ѕвезда скопска и таму се вртеа еминентни луѓе.

Мене ми беше идеја по некое време да направиме аукција на телецизијата што ја водеше тогаш, изјави Кртов.

Посочи дека има склучено реверс за тие слики, договор за продажба се прави кога тие ќе се продадат.

Судењето за „Рекет“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска.

На денешно рочиште требаше да бидат сослушани уште тројца сведоци, но Владимир Тодоровиќ, Дејан Панделески и Јовле Ременски беа повлечени од одбраната, а сведокот Лидија Јаневака доставила медицинска документација дека е под стрес и не може да сведочи.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври лани поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина за делото „примање награда за противзаконито влијание“, по што беше осуден на три години затвор.

 

 

 

ИЗВОР: МИА

 

актуелно рекет судење
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.