Времето денеска ќе биде стабилно и суво.
Преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.
Утринската температура ќе се движи од минус 10 до два, а дневната од минус два до шест степени.
Во Скопје слично време, со утринска температура до минус пет и со дневна до три степени.
За време на Новогодишната ноќ ќе биде ведро и многу студено со температура од минус 14 до минус шест степени.
Сообраќајот низ државата се одвива по претежно влажни коловози.
Снег врне во Крива Паланка, Маврово и на планинскиот премин Ѓавато, а во Источна Македонија дува засилен ветер.
Според информации од Автомото сојузот на Македонија, на граничните премини нема задржувања за влез и излез од државата.