Фудбалската репрезентација на Велс го победи вечерва во Баку Азербејџан со 2:0, во квалификациите за Европското првенство во 2020 година и ги задржа шансите директно да се пласира на тој турнир.
Велс поведе во 10 минута со голот на Кифер Мур, а конечниот резултат го постави Хари Вилсон во 34 минута.
Во Групата Е, Велс е трет на табелата со 11 бодови и има три бода помалку од првопласираната Хрватска и еден помалку од Унгарија.
На Хрватска и е потребен бод против Унгарија за директен пласман на Европското првенство, а Унгарија посакува победа за да не бидат во состојба за учество на ЕУРО да одлучува последниот нивни натпревар во квалификациите против Велс.
Во Групата И, Белгија во Санкт Петербург ја победи Русија со 4:1. Белгија поведе во 19 минута со голот на Торган Азар, а потоа два гола постигна неговиот постар брат Еден Азар, во 33 и 40 минута. Ромелу Лукаку го постигна четвртиот гол во 72 минута, а седум минути подоцна конечниот резултат го постави Георги Џикија.
Белгија со сите девет победи и 27 бодови е прва, а Русија е втора со 21 бод.
Репрезентацијата на Словенија ги задржа шансите за пласман на Европското првенство откако вечерва во Љубљана на домашен терен славеше над Летонија со 1:0, Шкотска во Никозија гоп победи Кипар со 2:1, а Казахстан на гости беше подобар од Сан Марино со 3:1.
(Фото: АП)







