Сите дилеми се решени вечерва. Велс е последната репрезентација која го „завери“ билетот за директен пласман на Европското првенство.
Во Кардиф велшаните со головите на Арон Ремзи дојдоа до трите бодови во директниот дуел до Унгарија.
Во останатите натпревари се водеше борба за прво места. Убедливи победи остварија и Германија и Холандија против Северна Ирска, односно Естонија. Сепак, „панцерите“ остануваат на врвот заради двата бода повеќе.
Овие натпревари ги одбележаа два хет-трика. Кај Германците три голови постигна Серж Гнабри, а кај Холанѓаните троен стрелец беше Жоржињо Вајналдум.
Последните четири учесници на ЕУРО 2020 ќе бидат познати после бараж натпреварите во март следната година.
Резултати:
Белгија – Кипар 6:1
Германија – Северна Ирска 6:1
Летонија – Австрија 1:0
Холандија – Естонија 5:0
Северна Македонија – Израел 1:0
Полска – Словенија 3:2
Сан Марино – Русија 0:5
Шкотска – Казахстан 3:1
Словачка – Азербејџан 2:0
Велс – Унгарија 2:0







