Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » (Видео) Во голема полициска акција во Скопје запленети 150 кг наркотична дрога вредна 400.000 евра
Истраги

(Видео) Во голема полициска акција во Скопје запленети 150 кг наркотична дрога вредна 400.000 евра

мај 3, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На 02.05.2023 во заедничка координирана акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица Тигар и Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје биле пронајдени и запленети 150 килограми наркотична дрога марихуана со вкупна вредност од околу 400.000 евра, при што се лишени од слобода 4 лица. Имено, околу 17.00 часот на улица „Скупи“, биле запрени три патнички возила со скопски регистарски ознаки, и тоа „форд галакси“, управувано од Б.З.(44), кое имало улога на чистач, „пежо експерт“, управувано од Р.З.(49) каде сопатник била неговата сопруга Џ.З.(45), додека третото возило „БМВ“ го управувал нивниот син И.З.(19), сите од Скопје.

При даден знак на полициски службеници за запирање на возилата, Б.З. со возилото се дал во бегство, но за кратко време од полициски службеници возилото било запрено, а возачот бил лишен од слобода. При извршен преглед во возилото „пежо експерт“ биле пронајдени 13 големи картонски кутии во кои имало 102 пакувања со марихуана, а од слобода бил лишен и возачот на „БМВ“, кој имал задача да предупредува за присуство на полиција.


По обезбедени наредби за претрес на дом и други простории од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд биле извршени претреси на три локации и во автомеханичарски сервис на подрачјето на Ѓорче Петров, при што се пронајдени уште 4 картонски кутии со уште 32 пакувања со марихуана, голема дигитална вага, машина за пакување, повеќе ќеси, 8 црни големи патнички торби и ќеси со марихуана, два романски пасоши и 4 куршуми калибар 9 мм., информираше од МВР Сузана Прањиќ Талевска.

Во текот на спроведената истрага, која полицијата ја водела, било утврдено дека Р.З. ја набавил дрогата при крајот на месец април 2023 година од албански државјанин, по што ја сместил во неговиот автомеханичарски сервис, каде ја препакувал и сместил во картонски кутии со цел за понатамошен транспорт за Р.Турција. Притоа, преку Секторот за меѓународна полициска соработка преку Интерпол од Р.Турција добиена е информација дека на 12.06.2013 Р.З. заедно со неговата сопруга и синот биле фатени и лишени од слобода при транспорт на 14.560 грама хероин, кој бил сокриен во специјално изработен бункер во патничко возило „фолксваген фетон“, негова сопственост, за што и издржувале затворска казна во Р.Турција.

Во текот на денешниот ден од страна на СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 215 и член 396 против сите четири приведени лица.

актуелно акција дрога запленета полициска скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.