Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВИДЕО: Демократите објавија досега необјавени снимки од упадот во Капитол Хил
СВЕТ

ВИДЕО: Демократите објавија досега необјавени снимки од упадот во Капитол Хил

февруари 11, 2021Updated:февруари 11, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Демократите, кои го претставуваат обвинението против поранешниот претседател на САД во Сенатот, покажаа претходно необјавено видео од упадот во Капитол Хил.

На видеото се гледа како приврзаниците на Доналд Трамп ги бараат претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и тогашниот потпретседател на САД, извикувајќи „Обесете го Мајк Пенс“.

На снимката се гледаат судири меѓу демонстрантите и полицијата, на околу триесетина метри од просторијата каде се наоѓа Пенс со своето семејство, каде дел од собраните поставиле бесилка.

Видео материјалите се однесуваат на периодот од околу еден час попладне на 6 јануари, кога првата група приврзаници на Трамп се појави пред Капитол Хил и подоцна насилно упадна во зградата, сè до моментот кога заврши опсадата.

Стејси Плескет, една од менаџерите за отповикувањето, за време на судењето на Трамп истакна дека учесниците на собирот „Да ја спасиме Америка“, немале дозвола да маршираат до Капитол Хил, додека, како што рече, поранешниот претседател не интервенирал, пренесува Гласот на Америка.

Конгресменот од Мериленд, Џејми Раскин, главниот демократ кој ги презентира аргументите за разрешувањето, најави дека менаџерите за отповикување ќе покажат нови вознемирувачки снимки за насилството во Капитол Хил, а особено ги предупреди родителите и наставниците за нивната содржина.

Раскин рече дека презентираните докази ќе покажат дека Трамп не бил невин набљудувач на настанот, туку дека тој се одрекол од должноста врховен командант и станал главен поттикнувач и дека неговите постапки може да го нарушат мирниот трансфер на власта, првпат во историјата.

Менаџерите, конгресмените во улога на обвинители и одбраната на Трамп имаат рок од 16 часа за два дена да ги презентираат своите докази, по што сенаторите ќе имаат вкупно четири часа да поставуваат прашања.

Демократите методички се обидуваат да докажат дека нападот врз Капитол не бил изолиран и спонтан инцидент по еден говор, туку дека тврдењата на Трамп за измама на изборите во ноември, кои тој ги презентираше пред своите приврзаници со месеци, ги поставија темелите за настаните на 6 јануари. Сенатот во вторникот гласаше со 56-44 дека целиот процес е во согласност со Уставот.

На гласањето му претходеше четиричасовно презентирање аргументи од двете страни.

Демократските конгресмени тврдат дека Трамп мора да одговара за своите постапки, додека адвокатите на поранешниот претседател посочија дека судењето за отповикување по истекот на мандатот на претседателот е неуставно. 

демократи Капитол хил снимка упад
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Италија го менува својот изборен систем

октомври 9, 2026

Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести

октомври 9, 2026

Фон дер Лајен се очекува да ги претстави реформите пред проширувањето на ЕУ

октомври 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.