Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. Казнети се 173 возачи, од кои 104 во Скопје, 26 во Тетово и Гостивар и 16 во Велес.
При акциската контрола напишани се и 134 казни за друг вид сообраќајни прекршоци.
Министерството за вантрешни работи и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли. Апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.