Криумчарите на наркотици смислиле интересен начин како да прошверцуваат значителна количина кокаин, но сепак не успеаја да ја измамат полицијата.
Шпанската полиција откри 57 парчиња вештачко овошје кои содржеле седум килограми кокаин помешано меѓу вистински банани.
Дополнително, во картонските кутии биле најдени спакувани уште 10 килограми кокаин.
Лажните банани се пронајдени во текот на операцијата во приморските градови Малага и Валенсија.
Полицијата информираше дека две лица се приведени со обвинение за трговија со дрога, а дека во тек е истрага за вмешаност во случајов против уште едно лице.









