Реал Мадрид вечерва, во последниот натпревар од ова коло во Примера лигата славеше со 2:1 против Реал Бетис. Победничкиот гол го даде Сергио Рамос во 81 минута.
Со оваа победа „кралевите“ отидоа на плус два бода во однос на Барселона која претходно киксираше на гости кај Депортиво Ла Коруња (2:1)
Реал на домашен терен го пречека Реал Бетис, екипа која претходно и откина еден бод на Барселона. Гостите први дојдоа во водство, после една несмасна реакција на голманот на мадриѓаните, Кејлор Навас.
Се играше 25 минута од натпреварот, шутираше еден од играчите на бетис, а Навас го одбрани ударот и ја имаше топката во раце, но тогаш необјаснето ја испушти во сопствената мрежа.
Во 41 минута ситуацијата ја поправи Кристијано Роналдо со погодок за 1:1 по асистенцијата на Марсело.
Во 81 минута Тони Крос изведе корнер од десната страна и уфрли одлична топка во шеснаесетникот на гостинската екипа.
На вистинското место се најде Сергио Рамос и со глава го постигна победоносниот гол.
Реал со оваа победа ја премина Барселона на врвот. Составот од Мадрид сега има два бода предност во однос на најголемиот ривал, но и натпревар помалку.
Бетис остана на 14 место со 28 бодови.
https://www.youtube.com/watch?v=X3-cdGAkqfA