Со почетокот на полицискиот час, утре од 15 часот, во Прилеп викендот ќе се спроведе акција за дезинфекција на улиците и јавните површини во градот.
Акцијата ќе се спроведе со волонтери од Прилеп и од населените места, кои со триесетина трактори опремени со прскалки ќе ги дезинфицираат улиците во сите населби во градот, вклучувајќи ги и тесните улици во кои цистерните на јавните комунални претпријатија немаат пристап.
За ефективност на акцијата, градските власти ги замолуваат граѓаните да ги отстранат возилата од јавните површини и да ги паркираат на соодветни места, за непречено движење на возилата за дезинфекција по градските улици.






