Никола Димитров, вицепремиерот задолжен за европски прашања, е позитивен на коронавирус.
Тој ова го објави на неговиот Фејсбук профил.
„Се подготвував за посета на Луксембург, ама тестот покажа дека јас веќе сум имал опасен ‘гостин’. Нека продолжи да вирее без да го забележувам многу и побрзо да го снема. Чувајте се луѓе, да сте здрави и живи сите!“, напиша Димитров во својата објава.







