Заменик претседателот на Владата на Македонија задолжен за евроинтеграции, Бујар Османи, денеска престојува во еднодневна работна посета на Косово, во рамки на која ќе има средби со косовскиот државен врв.
Како што соопштија од неговиот кабинет, Османи прво ќе се сретне со претседателот на Косово, Хашим Тачи, потоа со претседателот на Собранието Кадри Вејсели, како и со премиерот Рамуш Харадинај.
Предвидена е и средба на Османи со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли.
На средбите ќе бидат отворени прашањата за меѓусебната соработка меѓу Македонија и Косово, регионалните иницијативи за соработка, како и европските перспективи на земјите од Западниот Балкан, се наведува во соопштението.







