Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Вишеградска група: Северна Македонија секогаш ќе ги има нашиот глас и поддршка
Политика

Вишеградска група: Северна Македонија секогаш ќе ги има нашиот глас и поддршка

јуни 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Северна Македонија секогаш ќе ги има поддршката на нејзиниот пат кон членство во Европската Унија и гласовите на четирите земји членки на Вишеградската група – Полска, Чешка, Словачка и Унгарија.

Напредокот што го направи земјата го нотира и Европската комисија, која препорача почеток на преговорите за членство.

Ние сметаме дека тоа треба да биде награда за напредокот во реформите и сè она што Северна Македонија го постигна.

Ова е ставот на земјите членки на Вишеградската група – изнесен на денешното примопредавање на претседателствувањето со оваа група од Словачка на Чешка, која ќе биде претседател од 1 јули.

Чешкиот амбасадор во земјава Мирослав Томан истакна дека земјава може да биде сигурна дека сите земји под Вишеградската група ќе гласаат за, кога ќе треба да се одлучува за датумот, како што ја даде поддршката и на минатиот состанок на Советот на ЕУ иако, како што рече, тогаш датумот не бил на агендата поради технички проблеми, а не поради чекорите кои се бараат од ЕУ.

„Нашите политичари многу често доаѓаат во земјата со цел да ја покажат својата поддршка која Северна Македонија ја има во процесот обезбедување на почеток на преговорите за членство во ЕУ“, рече Томан.

Неговиот колега амбасадорот на Унгарија Лазло Ишван Дукс се согласува со ставот дека земјата треба да добие датум за почеток на преговори, и повтори дека секогаш ќе ја има поддршката на тој пат.

„Секогаш може да сметате на гласовите на земјите од Вишеградската група, и не само во случајот на Северна Македонија, туку и во однос на целиот процесот на проширување на Унијата. Исто така, се обидуваме да ги убедиме и другите земји членки дека ова е добра идеја“, рече Ишван.

Амбасадорите на земјите членки на Вишеградската група сметаат и дека почетокот на преговорите е неопходен заради тоа што, како што велат, реформите што се наоѓаат во оваа фаза можат да се спроведат само низ процесот на пристапување во ЕУ.

Во спротивно, посочуваат, тоа ќе биде многу тешко да се направи.

„Веруваме дека во оваа фаза реформните може да напредуваат многу поефикасно во рамки на процесот на претпристапни преговори, без кои реформите во оваа фаза ќе биде релативно тешко да се спроведат“, рече словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш.

Според него, владеењето на правото е едно од најважните реформи кои треба да се постигнат и, како што рече, колку повеќе се направи во тој дел толку полесен ќе биде целиот процес на приклучување кон ЕУ.

„Моја препорака е да се фокусира примарно на владеење на правото и тогаш се друг ќе се движи полесно и побрзо во зависност од административниот капацитет на земјата. Ние сме подготвени да помогнеме и како тоа најдобро да го направиме“, рече Маркуш додавајќи дека освен политичката, земјава ќе ја има и целосната техничка поддршка во процесот на претпристапните приговори со можност да ги искористи
нивните искуства.

На денешното примопредавање на претседателствувањето, беа промовирани основните приоритети на делувањето на Вишеградската група под чешкото претседателство – разумни решенија, усогласување на пристапот , револуционерни технологии, регионална соработка, миграциската политика…

актуелно вишеградска група Европска комисија поддршка северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.