Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
  • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВКЛУЧЕН МЕТЕОАЛАРМОТ: „Монструмот од Атлантикот“ пристигна во Европа
Во Фокусот

ВКЛУЧЕН МЕТЕОАЛАРМОТ: „Монструмот од Атлантикот“ пристигна во Европа

март 7, 2023Updated:март 7, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Метеоролошката канцеларија на Велика Британија и Агенцијата за здравствена безбедност издадоа денеска предупредување поради екстремно студеното време во наредните денови.

Синоптичарите истакнаа жолто предупредување, трет степен на метеоролошка тревога.

Во превод, тоа значи дека цела недела ќе биде екстремно студено, особено на север, со зголемен ризик од снег, голомразица и ноќен мраз, и следствено на тоа проблеми во сообраќајот, пишува Скај њус.

Температурите во текот на денот само понекаде ќе се искачат над 0°С.

На југот на Англија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините се очекува снег, додека на северот и на истокот од земјата ќе има снежни врнежи.

Во попладневните часови се очекува да престанат врнежите на југот на Англија, но до вечерта може да има дожд на југозапад.

Утре ќе биде претежно суво, но студено. Во јужна Англија, јужен Велс и јужна Ирска се очекува да биде ветровито со дожд и снег и да има снежна виулица.

Во четврток и петок има зголемени шанси за снег во централна и северна Англија.

Секој работен ден, Британците може да очекуваат снег.

Вечерва, како што прогнозираат британските метеоролози, се очекува најстудената ноќ во годината, со температури кои ќе се спуштат до -15 Целзиусови степени.

Граѓаните, алармираат метеоролозите, треба да бидат подготвени за многу ниски температури и во наредните денови.

Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство издаде предупредувања за снег и мраз за поголемиот дел од Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска.

Причина за заладувањето што во март стигна во Велика Британија е комбинацијата на млазната струја и областа со низок притисок над централниот Атлантик.

Портпаролот на британскиот метереолошки завод, Греам Меџ, рече дека температурите ќе бидат „многу, многу пониски отколку што би очекувале во овој период од годината“.

„Очекуваме ваквото време да се задржи барем до следниот викенд, а можеби и подолго, бидејќи понекогаш ваквите временски прилики знаат да бидат прилично ‘тврдоглави’ и не попуштаат така лесно“, објасни тој.

Многу снег веќе падна во делови од Абердиншир, во Шкотска, а локалните медиуми јавуваат дека автомобили и автобуси се заглавени на замрзнатите патишта поради опасните услови.

Некои граѓани мораа да ги остават своите автомобили на инаку прометни патишта, а „Фјубар њус“ ја опишува глетката како „несреќа што чека да се случи“.

Медиуми јавуваат и за бројни застои на патиштата на кои се заглавени и автобуси и автомобили, „бидејќи не можеле да продолжат поради замрзнатите и непроодни патишта“.

Поради ниските температури, четири од пет електрани на јаглен во Британија ќе бидат во состојба на готовност во случај на зголемена потрошувачка.

актуелно британија Ирска снег Шкотска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините

јуни 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.