Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Владата дел од кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени и девојки“
Македонија

Владата дел од кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени и девојки“

ноември 26, 2018Updated:ноември 26, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владата на Република Македонија им се приклучи на стотиците значајни знаменитости и институции ширум целиот свет коишто вчера блеснаа во портокалово во знак на поддршка на ставањето на крај за насилството врз жени и девојки, што го означи и почетокот на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени и девојки“.

Настанот во организација на семејството на Обединетите нации и Владата на Република Македонија, на едно место ги собра претставниците од невладиниот сектор, дипломатскиот кор како и локалните и меѓународните институции, кои ги истакнаа своите заложби и подготвеност за соработка при борбата против родово базираното насилство.

На настанот свое обраќање имаа Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев којшто во оваа прилика истакна:

„Владата на Република Македонија е посветена на системско унапредување на родовата еднаквост и елиминирање на сите форми на насилство врз жените. Работиме на јасни и недвосмислени законски решенија со коишто се спречува насилството и се штитат жените жртви на насилство. Насилството врз жените не е само женско прашање, туку прашање кои се однесува на секој еден од нас. Токму затоа мора да работиме заеднички да ставиме крај на истото“.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска го потенцираше прогресот во акцискиот план за спроведување на Истанбулската конвенција притоа потенцирајќи дека Владата веќе иницира измени на кривичниот законик, но и воспостави интерсекторска соработка и протоколи за третман на жртви на насилството.

„Без одлучност и конкретна акција секоја боја ќе остане само боја. Во следните 16 дена Владата ја осветлуваме во портокалово, по повод  Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените. Меѓутоа, против насилството врз жената треба да се бориме секој ден, да создаваме услови за препознавање на ризикот, пријавување и трајно извлекување на жените од насилната средина. Голема почит и благодарност кон сите оние кои секојдневно работат да им овозможат помош и поддршка на жените жртви на насилство. Секој од нас може да спречи насилство“, рече министерката Царовска.

Свое обраќање имаше и Амбасадорот на ОБСЕ, Клеменс Која, кој посочи:

„Едно поново истражување на ОБСЕ за насилството врз жените во државата покажува дека 14% проценти од жените биле жртва на физичко или сексуално насилство откако наполниле 15 години, од партнер или од друго лице. Околу 44% од жените биле жртви на психолошко насилство од интимен партнер, 3 од 10 жени биле жртви на сексуално вознемирување, а 1 од 10 жени тоа го доживеала во последните 12 месеци. 7% од жените биле следени од демнач. Многу долго, молчењето и стигмата овозможија насилството врз жените да продолжи, а отсуството на критика на самите наши општества дополнително ја влошува ситуацијата. Дојде време да го запреме ова“.

В.д. Постојаниот координатор на Обединетите Нации, Бенџамин Перкс, пак додаде:

„Ги повикуваме сите да направат се што е во нивна моќ за да стават крај на семејното насилство, сексуалното вознемирување, раните бракови и сите форми на насилството врз жените. Насилството врз жените е извор на страдање за сите што се засегнати, кривично дело и повреда на човековите права. Ние можеме и мораме да работиме заедно за да ставиме крај на насилството“.

Кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“ во Македонија се одбележува од 2014 година и има за цел да  ја подигне општествената свест и да поттикне на размислување за индивидуалниот и колективниот придонес во борбата за спречување на родово базираното насилство, и се случува секоја година во текот на 16 дена во периодот помеѓу 25 ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените и 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права.

Во текот на овие шеснаесет дена ќе бидат реализирани бројни активности со цел промоција на кампањата ширум целата земја, меѓу кои и вклучување на јавни личности од сите сфери од општественото живеење кои ќе ја споделат својата поддршка, бројни панели и работилници, како и низа активности во медиумите и на јавните места.

актуелно влада жени кампања насилство
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.