Владата на Република Македонија денеска во 12:00 часот ќе ја одржи тематската седница посветена на утврдување на правецот на итните реформски приоритети, соопшти владината прес-служба.
По тематската седница, со почеток во 13:00 часот Владата на Република Македонија ќе ја одржи седмата седница. Согласно продолжениот дневен ред, на седмата владина седница ќе бидат разгледани состојбите и напредокот во процесот на европската интеграција, користење и имплементација на фондовите од ЕУ, како и Статусот на реализација на приоритетите на Република Македонија за влез во НАТО и Статусот на реализација на Рамковниот договор.
На редовната владина седница ќе бидат разгледани кадровски решенија, како и други иформации од економски и политички и тековна политика.







