Владата денеска преку соопштение го оцени несоодвеното однесување на навивачката група „Шверцери“ во Македонскиот народен театар како злоупотреба на гостопримството и истото најостро го осуди.
„Владата на Република Северна Македонија информира дека настанот во МНТ на кој се случило несоодветно однесување на навивачка група не е во организација на ниту една државна институција и не смее никако да се поврзува со владиниот настан за одбележување на Денот на албанската азбука кој помина во најдобар можен ред и за кој јавноста беше во целост запознаена.
Очигледно е дека организаторот на овој настан, како и иницијаторот тој да биде одржан во МНТ, не го подготвиле и организирале настанот согласно стандардите и очекувањата за манифестации што се организираат во национални културни установи од највисоко значење.
Владата очекува организаторот и иницијатор на настанот да ја надомести направената штета во Националната установа Македонски народен театар и да се извини на граѓаните за несоодветното однесување“, се наведува во соопштениетро лиферувано до јавноста.







