Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Владата со подшка за малите и средни претпријатија, промовирана среднорочна програма за поддршка на МСП
Економија

Владата со подшка за малите и средни претпријатија, промовирана среднорочна програма за поддршка на МСП

март 1, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Микро, малите и средните претпријатија ќе бидат најсилно поддржани преку мерките од Планот за економски раст, истакнаа вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски на прес конференција која се одржа во Владата на Република Македонија.

Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека микро, малите и средни претпријатија се во привилегирана положба, затоа што ќе можат да ги користат мерките од сите три столба на Планот за економски раст, кои ќе се спроведуваат преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции и преку спроведување на среднорочната Програма за поддршка на мали и средни претпријатија на Фондот за иновации и технолошки развој, како и мерки кои ќе се спроведуваат преку министерството за економија.

„Со среднорочната Програма за поддршка на мали и средни компании се овозможува дополнителна, посебна поддршка на малите и средни компании, кои имаат право да ги користат и мерките од првиот и вториот столб од Планот за економски раст. Со оваа Програма како никогаш досега се дава поддршка на МСП. Малите и средни компании ќе имаат можност да добијат 30% поврат на средства направени во инвестиции за градење на нови хали, купување машини и други основни средства, а доколку прават инвестиции за развивање на нови производи, Владата ќе изврши поврат од 70% од направените инвестиции за развивање на новите производи “, потенцираше вицепремиерот Анѓушев.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој истакна дека преку Програмата за поддршка на малите и средни претпријатија, државата станува инвеститор и партнер на компаниите. Тој информираше дека во 2018 година за програмата се наменети 645 милиони денари и даде детално објаснување за секоја од петте мерки со која ќе се овозможи помош за компаниите.

„Мерките ќе се реализираат преку јавни повици, три пати годишно, а компаниите ќе може да се пријавуваат во рок од 45 дена од денот на објавување. Во критериумите во однос на селекција на проектите кои ќе се финансираат ќе се анализирааат: степенот на иновативност, квалитетот на проектот, капацитетот на прокетниот тим потенцијалот на пазарот, како и влијанието на проектот врз општеството и животната средина “, потенцира Деспотовски.

Министерот за економија Бектеши објасни дека министерството дополнително на планот на економски раст, во 2018 година, ќе ја спроведува и Програмата за конкурентност, претприемништво и иновации каде што се наменети околу 38 милиони денари.

„Министерството за економија ќе спроведе 13 мерки преку оваа Програма, кои не се преклопуваат, туку се надополнуваат со мерките од Планот за економски раст. Со годинешниот буџет од 38 милиони и 390 илјади денари, само за делот на Поддршка на развојот на мали и средни претпријатија, и дополнителни 9 милиони за мерки на индустриска политика и кластери, усвоена е програма која е збогатена со нови мерки, креирани на барање и во корист на претприемачите.

Тоа автоматски ќе значи и поголем број на мали и средни претпријатија кои можат да имаат бенефит од мерките. А бидејќи се тие основни двигатели на една економија, среќен сум што ќе придонесеме за раздвижување на економската база“, истакна министерот Бектеши.

актуелно бектеши влада квалитет мерки на рм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.