Владина делегација утринава оддаде почит и положи свежо цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје, во 1963-та година.
Одбележувањето на 26-ти јули за Владата на Република Македонија е сеќавање на бројните жртви, но и вечен потсетник за сочувството, помошта и солидарноста што ги покажа светот кон семејствата на загинатите и кон градот Скопје.
Обврска е, велат од владата, да се возвраќа со сочувство и помош кон оние на кои им е потребно, да се гради општество врз темелите на солидарноста и да се продолжи да го развиваме главниот град со ентузијазмот и прогресивната визија, со којашто беше обновен.







