Партијата ВМРО-ДПМНЕ смета дека во секоја држава за значајни прашања се води дијалог меѓу партиите, но во рамките на државните институции и во моментов не ја гледа потребата ниту ја знае темата за друг вид средби.
„ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против политички дијалог, но повторување на „Пржино“ во или надвор од Р. Македонија е непотребно и неприфатливо. Ние сме за разговори со парламентарното мнозинство, но преферираме тој дијалог да биде во рамките на државните институции.
„За прашања како што е спорот околу името, остануваме на ставовите дефинирани во нашата програма – се вели во соопштението на партијата.
Оттаму велат дека ВМРО-ДПМНЕ уште нема прецизни информации околу темите на кои би се разговарало во Париз, па во овој момент не би можело априори да се произнесат.
„Откако ќе се детализираат работите би излегле со конечен став во врска со евентуалните средби со партиите од мнозинството – велат од ВМРО-ДПМНЕ.







