ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да го одржи протестниот марш во Кичево, на кој обраќање ќе има лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
Оттаму во соопштение критикуваат дека Зоран Заев и СДСМ тргнале во кампања за референдум за капитулантскиот договор, а не споменуваат ни збор за заштита на Уставот, историјата, традицијата.
„Нема подобар доказ од тоа дека Заев се согласи да ги прифати грчките црвени линии со кои се брише името Република Македонија и се брише македонскиот идентитет. Заев молчи околу тоа како ќе се вика државата доколку му помине референдумот, дали ќе има македонско малцинство во Грција и македонски топоними, се вели во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат за злоупотреба на македонските евроинтеграции како оправдување за капитулантскиот договор и дека за да ја оправдаат слабата поддршка ги делат граѓаните на проевропски и антиевропски.







