Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВМРО-ДПМНЕ обвинува за изборен поткуп
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за изборен поткуп

октомври 20, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Постојано ни пристигнуваат информации за огромни изборни нерегуларности, злоупотреби, кршења на процедури, притисоци. Изборниот ден помина во тензична атмосфера со прекини на гласањето на повеќе места, поткупи и евидентирани уцени. По завршувањето на гласањето на повеќе локации низ државата забележано е недостиг или вишок на гласачки ливчиња. На голем број места не соодветствува бројот на ливчињата и бројот на потпишани граѓани што гласале, што укажува на сериозни сомневања за организиран т.н. бугарски воз, со што се наполнети кутиите со однапред заокружени гласачки ливчиња за кандидатите на СДС“, изјави Спиро Ристовски, претседател на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, гласачко ливче од општина Карпош е најдено во гласачки кутии во општина Охрид, гласачко ливче од Велес е најдено во гласачки кутии во Струмица. Во Гевгелија на избирачкото место 334 по затворање на гласачко место констатирано е дека недостига гласачко ливче и од листата за советници, но и од листата за градоначалници, што е и заведено и во записникот, додека во општина Берово, во селото Русиново ливче од листа на советници недостасува во рамки на утврдениот број на истите. Ова се сериозни докази дека има сериозни сомневања за спроведен изборен фалсификат со таканаречен метод на бугарски воз.

„Според утврденото од терен и информациите објавени по медиумите постојат основи на сомнение дека биле испечатени и паралелни гласачки ливчиња, едни за потребите на ДИК, други за потребите на СДС, кои однапред им биле давани на гласачите. Доказ за ова се пронајдени гласачки ливчиња во Ресен со ист сериски број. Бројни нерегуларности поткрепени со докази и факти, беа премолчени и релативизирани од страна на ДИК. Мнозинството членови на ДИК од СДС заедно со претседателот Чичаковски во видно нервозна атмосфера ја водеа синоќешната седница, каде очигледни незаконитости беа прескокнувани, а ДИК остана со врзани очи на криминалните избори“, вели Ристовски.

Тој смета дека треба да се нотира и дека во текот на изборната кампања бил забележан и поткуп на гласачи, злоупотреба на полицијата и државните институции, заплашувања и уцени врз гласачите. „Сето ова е фото и видеодокументирано, а медиумите навремено алармираа за состојбите на терен, меѓутоа во државните институции кои треба да ги превенираат овие изборни нерегуларности владее апсолутен молк. Институциите се ставени под контрола на СДС и го премолчуваат очигледниот факт дека изборната кампања помина во светло на изборен криминал“, додава тој.

Според Ристовски, надлежното јавно обвинителство и државните институции молчат и не реагираат за фото и видеодокументираниот поткуп во Велес, каде активисти во друштво на државни функционери именувани од СДС во придружба на полицијата купуваат гласови и Прилеп, каде директорот на центарот за социјални работи во придружба на партиски активисти на СДС делат брашно и други прехранбени намирници во населбата Тризла.

„Изборниот поткуп продолжува и за време на вториот круг од локалните избори, имено синоќа во село Булачани медиумите објавија дека партиски активисти на СДС делеле пренхранбени продукти. Од сите информации и докази кои ги имаме може да се констатира дека ова се најнерегуларните избори некогаш спроведени во независна Македонија, целосно во знакот на директните уцени и поткупот“, вели Ристовски.

актуелно велес ВМРО Гевгелија избори карпош поткуп притисоци
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.