– Водата во Скопје е безбедна за пиење.
Тоа го покажа минатонеделното испитување на 182 примероци од 38 мерни места во Скопје.
-Секторот за санитарна контрола во периодот од 21 до 25 септември зема 182 примероци за физичко-хемиска и 182 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 38 мерни места во Град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, велат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.