ЈП Водовод и Канализација – Скопје денеска преку соопштение ја негира информацијата која беше пласирана во јавноста дека претпријатието донело незаконита одлука за престанок на работен однос на 26 вработени лица. Од претпријатието информираат дека новото раководство затекнало состојба на превработеност, голем број фиктивни вработувања, вработувања на лица од Пустец – Р. Албанија кои воопшто не доаѓале на работа, а примале плата.
„Во текот на 2017 година во претпријатието се извршени повеќе инспекциски контроли од страна на Државниот трудов инспекторат. Постапувајќи по укажувањата и одлуките дадени од Државениот трудов инспекторат, донесени се одлуки за престанок на работен однос на вкупно 19 вработени лица од причина што истите во текот на јули 2017 година пред одржувањето на локлните избори, засновале работен однос спротивно на закон, неисполувајќи ги бараните услови од објавените јавни огласи, во поглед на степенот и видот на образование, односно биле вработени лица со образованиe, музичар изведувач, аранжер во трговија, хотелско-туристички техничар, прехранбен техничар, медицински лаборант, продавач и сл., се наведува во соопштението.
Од претпријатието информираат дека Државниот трудов инспекторат има поведено прекршочна постапка против ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и поранешниот директор на претпријатието Александар Атанасов.







