Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Волстрит падна седма недела по ред
Берза

Волстрит падна седма недела по ред

мај 23, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

После големите осцилации цените на акциите на Волстрит минатата недела пак паднаа, седми пат по ред, бидејќи инвеститорите стравуваат дека поради високата инфлација американската Централна банка агресивно ќе ги зголеми каматните стапки, што може да предизвика рецесија.

На Волстрит, Дау Џонс падна за 2,9 отсто, на 31.261 поен, додека СиП 500 „потона“ за 3 отсто, на 3.901 поен, а индексот Насдак 3,8 отсто, на 11.354 поени. Пад СиП 500 и Насдак седум последователни недели не е забележан од кризата во 2001 година, додека пад на Дау Џонс дури осум недели едно по друго не е забележан од Големата криза во 1932 година.

Пазарот е како на игли бидејќи се очекуваат натамошни агресивни зголемувања на каматните стапки на американската Централна банка, заради што економијата би можела да се нурне во рецесија.

Бидејќи инфлацијата во Америка е на највисоко ниво во последните 40 години, над 8 отсто, Централната банка од март ги зголеми каматните стапки за 0,75 процентни поени, а се очекува дека дополнително ќе ги зголеми за по 0,50 процентни поени.

Инвеститорите стравуваат дека поради тоа, но и поради војната во Украина и пореметувањата во ланците на снабдување, економијата би можела да западне во рецесија.

Аналитичарите сметаат дека постојат 35 отсто шанси за рецесија во следните две години. Велат дека реалност е оти инфлацијата е висока, а каматните стапки растат и дека се додека стапката на инфлација не почне да се забавува, пазарот ќе биде многу нестабилен во поголемиот дел од летните месеци.

Меѓу најголемите губитници беше технолошкиот сектор, кој во последните години поради корона кризата порасна најмногу. Но, амбиентот со повисоки каматни стапки не му оди во прилог на тој секторот.

Под притисок беше и трговскиот сектор бидејќи деловните резултати на трговските ланци покажуваат дека нивните оперативни трошоци растат, додека растот на инфлацијата ја намалува куповната моќ на населението.

Поради високата инфлација, растот на каматните стапки, забавувањето на економскиот раст, војната во Украина и прекините во снабдувачките ланци, од почетокот на годинава СиП 500 падна за околу 18 отсто, додека Насдак „потона“ за околу 27 отсто.

И на европските берзи цените на акциите минатата недела паднаа, но многу поблаго отколку на Волстрит. Лондонскиот ФТСЕ индекс се намали за 0,4 отсто, на 7.389 поени, франкфуртскиот ДАКС за 0,3 отсто, на 13.981 поени, а париски CAC за 1,2 отсто, на 6.285 поени.

На токиската берза, пак, индексот Никеи минатата недела порасна за 1,2 отсто, на 26.739 поени.

актуелно банка берза Волстрит индекс инфлација рецесија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.