Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Воспоставени дипломатски односи со Тунис и со Ерменија
Политика

Воспоставени дипломатски односи со Тунис и со Ерменија

септември 28, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На маргините на Генералната дебата на 74-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Тунис Кемаис Зинаи потпишаа Протокол за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји. Протокол за воспоставување дипломатски односи, како што соопшти МНР, Димитров потпишал и со неговиот ерменски колега Зохраб Мнацаканјан.

„Дипломатските односи со Република Тунис ќе доведат до воспоставување на политички дијалог и создавање на можности за интензивирање на економската и културната размена, како и на соработката на мултилатерален план“, се наведува во соопштението од МНР. Воспоставувањето на дипломатските односи со Ерменија ќе придонесe кон продлабочување на севкупната соработка меѓу двете земји.

Со формализирањето, се овозможуваат нови перспективи за развој на политичкиот дијалог, интензивирање на културната и економската соработка, како и почеста мултилатерална комуникација, се посочува во соопштението.

Основи за поинтензивна соработка беа воспоставени и со Грузија.

Министерот Димитров и неговиот грузиски колега Давид Залкалиани потпишаа Протокол за соработка меѓу двете министерства и разговараа за унапредување на односите преку политички консултации, визна либерализација, бизнис посети и мултилатерална соработка.

На маргините на Генералното собрание на ОН Димитров имаше билатерална средба со неговиот колега од Летонија Едгарс Ринкевич.

Како што соопшти МНР, Димитров истакнал дека македонските граѓани, кои даваат широка поддршка на европската идеја, имаат големи очекувања од октомврискиот состанок на Европскиот совет.

Позитивната одлука ќе биде јасна порака за нив, за регионот и за довербата во
политиката на ЕУ кон Балканот.

Министерот Ринкевич изразил безусловна подршка на нашите определби за зачленување во ЕУ и во НАТО.

Со оглед на постоечкиот моментум, летонскиот министер посочил дека ЕУ треба да даде позитивен сигнал, што ќе биде добро и за ЕУ, за стабилноста на регионот и за кредибилноста на политиката на проширување.

Соговорниците, како што се наведува во соопштението, разговарале и за динамиките поврзани со нашето пристапување кон Алијансата во светло на лондонскиот самит на НАТО.

актуелно дипломатски односи ерменија Тунис
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.