Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВОЈНА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Примирјето заврши, израелски авиони пак ја нападнаа Газа
СВЕТ

ВОЈНА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Примирјето заврши, израелски авиони пак ја нападнаа Газа

декември 1, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Иако останаа уште само неколку часа до истекот на примирјето, сирените за опасност од ракетен напад се огласија во израелските заедници во близина на границата со Газа.

Ова е прв пат да се слушнат сирените за тревога од почетокот на прекинот на огнот на 24 ноември, јавуваат израелските медиуми.

Од Хамас немаше коментар.

Израелската армија соопшти дека продолжува со борбата против Хамас во Газа. ИДФ потврди дека нејзиниот одбранбен систем „Железна купола“ пресретнал ракета истрелана од Газа, денеска рано утрово.

Портпаролот Даниел Хагари информираше дека нивните воени авиони напаѓаат „терористички цели на Хамас“.

„Хамас ја прекрши оперативната пауза, а освен тоа, пукаше кон израелска територија“, рече Хагари.

Министерството за здравство на Газа соопшти дека 14 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади по истекот на прекинот на огнот утринава.

Ројтерс ја пренесува оваа бројка, додека репортерот на Ал Џезира, Хинд Кудари, претходно изјави дека најмалку шест се убиени во нападот на куќа во Рафах, а уште седум биле убиени во областа Магази.

Израел бара од жителите во одредени населби на Кхан Јунис да заминат пред очекуваниот напад во областа.

„Израелските сили фрлаат летоци за луѓето во Кан Јунис барајќи од нив да се евакуираат во Рафах, но тие исто така го гаѓаат Рафах“, рече Кудари.

Катарските и египетските посредници се во контакт со Хамас и Израел и по обновувањето на борбите во Газа, според извор запознаен со разговорите.

„Преговорите продолжуваат и покрај нападите“, истакнал тој, пренесуваат медиумите.

Двете земји беа клучни за преговорите кои вклучуваа прекин на огнот и размена на палестински затвореници за израелски заложници.

Катар и Египет се залагаа за уште едно дводневно продолжување на прекинот на огнот. Сè уште нема конкретни информации од посредниците зошто не е постигнат договор за дополнителен договор.

Палестинската Црвена полумесечина објави дека 310 камиони со хуманитарна помош успешно стигнале до северниот дел на окупираниот Појас Газа, кој Израел силно го бомбардираше.

Хуманитарната организација објави на мрежата X, (поранешна Твитер), дека виталните залихи како храна, храна за бебиња и ќебиња биле доставени до илјадници луѓе на кои им е потребна.

До почетокот на примирјето пред точно една недела, Израел својата воена акција ја насочуваше против исламистичката организација Хамас во северниот дел на Газа.

На стотици илјади луѓе им беше наредено да побегнат во јужниот дел на Газа.

Сепак, илјадници цивили загинаа во масовните бомбардирања.

Од почетокот на примирјето, кое во меѓувреме беше продолжено до денеска утрово, во крајбрежното подрачје преку Рафах, единствениот граничен премин отворен за помош, стигнале 1.132 камиони со храна, лекови и други потребни работи за населението.

Израелската затворска служба соопшти раноутрово дека ослободила 30 Палестинци од израелските затвори како дел од седмата размена на заложници според договорот за прекин на огнот со лидерите на Хамас.

Во соопштението се наведува дека Палестинците се ослободени од затворите во Израел, на окупираниот Западен Брег и во Ерусалим.

Палестинците ослободени од израелските затвори се 23 малолетници и седум жени, додека осумте израелски државјани се двајца малолетници и шест жени, вклучително и двојни меѓу кои се и двојни државјани на Мексико, Русија и Уругвај.

Две израелски државјанки вчера попладнето биле предадени на Црвениот крст во градот Газа, додека касно вечерта беа ослободени другите заложници.

Израелската војска вчеравечер потврди дека шест израелски заложници се ослободени во Појасот Газа и дека се „на пат кон Израел“, како дел од договорот со Хамас.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Џон Мекдугал/АФП)

актуелно блиски исток војна Газа заложници затвореници Израел Палестина Хамас
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.