Со прострелна рана во грбот, во автомобил, во прилепско Канатларци е пронајдено мртво 26-годишно момче.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, утрината во 6 часот жител на Канатларци го пронашол Е.И. во возило марка „Фолсфаген пасат“ паркирано на сред село и за случајот ја информирал полицијата.
Не се знае ниту сторителот на убиството, ниту мотивот заради што е сторено тоа.
Засега се е во доменот на шпекулации.
Се превземаат мерки за целосно расветлување на случајот.







