Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во Кичево: 250 луѓе се згрижени во градската спортска сала, граѓаните сами ја исфрлаат водата од домовите
Градови

Во Кичево: 250 луѓе се згрижени во градската спортска сала, граѓаните сами ја исфрлаат водата од домовите

февруари 17, 2026Updated:февруари 17, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Најтешко е погодена улицата „Прилепска“ во Кичево, каде што во некои објекти водата оставила траги и до два метра височина на ѕидовите.

По новото излевање на Зајаска Река во Кичево, предизвикано од поројните дождови, повеќе од 60 семејства повторно се соочија со губење на домот – вторпат во изминатиот месец. Додека трае санацијата на штетите, околу 250 луѓе од 63 домаќинства се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Условите за престој во салата засега не овозможуваат соодветно одржување на лична хигиена бидејќи евакуираните немаат пристап до тушеви и до основни санитарни услови.

Градоначалникот Александар Јовановски соопшти дека до крајот на денот ќе биде најдено решение за подобрување на условите, со посебен акцент на хигиенските потреби на сместените луѓе.

Сè уште не се знае колку долго погодените граѓани ќе мора да останат во привременото сместување. При претходниот бран поплави тие таму поминале околу една недела, но овој пат надлежните проценуваат дека престојот може да се продолжи и до две недели поради обемот на штетите.

Жителите сами ја исфрлаат водата од домовите

Најтешко е погодена улицата „Прилепска“, каде што во некои објекти водата оставила траги и до два метра височина на ѕидовите. Жителите сами се обидуваат да ја исфрлат водата од домовите, а екипите на надлежните институции интервенираат на терен со целата расположлива механизација.

Иако реката се вратила во своето корито, нивото на водата и понатаму е високо, што кај жителите создава страв од нови излевања. Паралелно, се упатува апел за донации – ќебиња, вода и храна – за привремено згрижените, при што надлежните инсистираат помошта да се доставува исклучиво преку Црвениот крст на РепСМ заради организирана и транспарентна дистрибуција.

Од Кичево информираат дека нема нови поплавени објекти и дека водостојот на реките и водотеците продолжува постепено да опаѓа. Во спортската сала „Христо Узунов“ се сместени 250 евакуирани луѓе, на кои им се обезбедени храна, вода и средства за лична хигиена. Истовремено, екипите на ЈП „Комуналец“ и пожарникарите работат на испумпување на водата од подрумите на улиците Прилепска, Пиринска, Први Мај и 29 Ноември.

Стабилно е во Тетовско

Во Тетовско засега нема нови пријави за излевање на Вардар кај селото Форино, ниту, пак, на другите водотеци што вчера предизвикаа поплави, соопшти Центарот за управување со кризи.

Надлежните посочуваат дека состојбата во регионот е стабилизирана и дека во моментов нема нови интервенции поврзани со излевања.

Поплавен објект во Битолско

Во Битолскиот регион, преку бројот за итни случаи 112, пријавен е случај на поплавен објект на улицата кај Буковски мост. Пријавата е проследена до Територијалната противпожарна единица во Битола, која презема мерки на терен.

Во меѓувреме, нивото на Црна Река кај селото Новаци е измерено на 310 сантиметри.

Во Долнени се најавува утринска интервенција на патниот правец меѓу селата Сливје и Костинци, кој е во лоша состојба, а санацијата ќе се врши со механизација на ЈП „Македонија пат“.

Забрана за сообраќај на камиони

Поради врнежи од снег, утрово од 5:45 часот е воведена забрана за сообраќај на камиони на патните правци Гостивар – Стража –Кичево и Гостивар – крак Маврово – Дебар. На патот Тетово – Попова Шапка е забрането движење на автобуси, додека за останатите патнички возила е задолжително користење зимска опрема.

Последици од невремето се санираат и во Гостивар, Тетово и во скопски Сарај.

Според метеоролошките прогнози, дождовите ќе продолжат и во наредните денови, што дополнително ја усложнува состојбата на терен.

 

актуелно гражани згрижени Кичево поплави сала спортска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.