Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во лето воздухот чист, но што ќе направи општина Тетово така да биде и во зима
Градови

Во лето воздухот чист, но што ќе направи општина Тетово така да биде и во зима

јули 13, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вообичаено во текот на летните месеци жителите на Тетово не се соочуваат со загаден воздух како зиме, а во прилог периодов им оди и тоа што имаше чести врнежи од дожд и ветер, па нема голема концентрација на отровни честички и не се чувствува аерозгадувањето. Сепак, во текот на мај и јуни не можат да проверат дали има присуство на отровните честички ПМ 10 и ПМ 2,5 на интернет-страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање, каде што се објавуваат податоци од мерните станици за квалитетот на воздухот. Не се поставуваат податоци за тоа колку концентрација има на отровните честички, а од Одделението за мониторинг на квалитетот на воздухот велат дека е поради тоа што инструментот за мерење е однесен на сервисирање во Виена. Велат дека е однесен од 27 април, а во месечниот извештај за тој месец има податоци за сите 30 дена.

– Мерната станица во Тетово моментално е во функција и на веб-страницата www.air.moepp.gov.mk можат да се следат податоците од мерените параметри за сулфур диоксид, азотен двооксид, јаглерод моноксид и озон додека инструментот за мерење ПМ 10 и ПМ 2,5 од 27 април е сервисиран и е однесен во соодветна лабораторија во Виена за негова калибрација. Во моментот кога ќе се врати назад од калибрација ќе биде инсталиран во мерната станица во Тетово, а со тоа и резултатите од мерењата на ПМ 10 и ПМ 2,5 ќе бидат достапни за јавноста на веб-страницата, велат во одговорот од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Светските здравствени стандарди предвидуваат во една календарска година да нема повеќе од 35 дена со загаден воздух, односно зголемено присуство на отровните честички ПМ 10. Во 2018 година во Тетово надминување од над 50 микрограми ПМ 10 честички на кубен метар имало дури во 134 дена. Тетовци најмногу се соочуваа со загадениот воздух во 2015 година, со оглед дека од 365 дена дури во 350 имало високо присуство на штетните честички ПМ 10. Во 2016 година имало 302 дена со загаден воздух, додека во 2017 година воздухот бил загаден во 134 дена, а во 41 немало податоци. Во 2019 година од јануари до крајот на април имало 53 од 120 дена кога имало надминување на присуството на честичките ПМ 10 над дозволениот стандард од 50 микрограми на кубен метар.

Во Општина Тетово прашавме дали во периодот од април до октомври или во пресрет на зимата ќе се преземаат мерки и активности со цел намалување на загадувањето на воздухот во најкритичниот период во зимските месеци.

Од канцеларијата за комуникации и односи со јавноста испратија одговори дека во текот на летните месеци загадувањето на воздухот е со намален интезитет, но и покрај тоа Општината презема мерки и активности што би придонеле за одржување на честичките ПМ 10 на ниско ниво.

– Пред да ги споменеме активностите на терен би посочиле дека неодамна на седница на Советот на Општина Тетово беше усвоен и акцискиот план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, со кој се предвидени поголем број мерки, како што е намалување на сообраќајниот метеж, тука би ја споменале и кампањата „Ден без автомобили“, кампањата „Во нас е проблемот, во нас е решението“. За потребите на која Општина Тетово создаде и веб-портал каде што граѓаните редовно ги информираме што сè се прави за заштита на животната средина – Еко Тетово, која всушност е платформа и простор за соработка помеѓу граѓаните, бизнис-заедницата, граѓанските организации, здруженија, јавни институции и општинската администрација за да развијат иновативни решенија за подобрување на урбаната средина. Регулирање на сообраќајниот метеж во градот и редовното миење на улиците за сузбивање на прашината се активности што секојдневно се извршуваат од нашите екипи, се вели во одговорот од Општина Тетово.

За активностите што ги планираат во иднина велат дека ќе се насочат во нови проекти и кампањи со кои би работеле на замена на старите системи на греење што користат цврсто гориво со модерни грејни тела со помош на финансиско субвенционирање. Но немаат временска рамка кога тоа би се направило.

– Спроведување забрана за греење на домовите со несоодветни тела за греење или отпадни материи, имплементација на политика за зелени јавни набавки на возила што би ги користела јавната администрација, изнајмување електрични велосипеди и скутери со помош на  субвенционирање. Развој на мрежа на велосипедски патеки, отстранување на урбаните бариери и поставување безбедни локации за паркирање велосипеди и постојан надзор на инсталации со А и Б-еколошки дозволи и нивните емисии, како и мерки и кампањи за зголемување на јавната свест. Се надеваме дека сè она што се работи во многу блиска иднина ќе биде видливо и на терен во текот на зимските месеци, истакнуваат од канцеларијата за комуникации и односи со јавност.

Во 2018 година во студија изработена од лекарите и експерти од Институтот за јавно здравје беше откриено дека долгогодишното аерозагадување веќе има големо влијание врз здравјето на населението. Ако на државно ниво 22 отсто од сите умирања се должат на амбиентниот воздух, за Тетово просекот изнесува 38 отсто, покажа истражувањето.

Студијата покажува дека 36 отсто во загадувањето на воздухот со создавање на честичките ПМ 10 придонесува греењето на дрва кај домаќинствата, 33 проценти разните индустриски процеси, како и 20 проценти во продукција на разни видови енергија. Се смета дека сообраќајот учествува со два процента во создавањето на отровните честички прашина.

актуелно зима лето тетово чист воздух
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.