Утрово најниска температура од -2 степени Целзиусови е измерена во Битола, Демир Капија и во Лазарополе. На Попова Шапка и во Маврово -1, 0 во Петровец и Прилеп, 1 во Крушево, 2 во Берово, Претор и Крива Паланка, 3 степени во Виница, Струмица, Охрид, и Тетово, 4 во Штип и Скопје и 8 степени во Гевгелија.
Утринава во западните и источните делови има значителна облачност. Во Пелагонија има појава на магла со намалена хоризонтална видливост од 50 до 200 метри, а слаба магла има и во Скопската Котлината и кај Демир Капија.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне по одделни котлини и особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се намали и ќе дува слаб јужен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и магливо со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 12 степени.
Последниот ден од годината нè очекува сончево време со мала до умерена облачност. Во претпладневните часови во одделни котлини во должина на Повардарието со појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, а преку денот претежно сончево и тивко.
Продолжува стабилното време со релативно високи дневни температури, освен вдолж Повардарието и по одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската, каде ќе има појава на магла или ниска облачност и пониски дневни температури.
Особено топло ќе биде на повисоките места за време на викендот и во почетокот на следната седмица.







