Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во јужните делови претежно облачно.
Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Минималната температура се движеше од -5 во Петровец, -4 во Крива Паланка и Скопје и Куманово, -3 во Тетово, -2 во Маврово, -1 во Дебар, крушево и Берово, 0 во лазарополе, Пожаране и Ѓуриште, 1 во Виница, 2 во Штип, 3 во Демир Капија, Струмица, Прилеп и Битола, 4 во Охрид до 6 во Дојран и Гевгелија.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер.
Максималната температура ќе достигне до 7 степени.
Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури.
Повеќе облачност ќе има во јужните делови од државата.
Утрово во скопскиот регион се измерени концентрации на ПМ 10 од 433,18 микрограми на метар кубен.
Кај Ректоратот се измерени 191,57, 184.01 во Лисиче , 165,95 во Карпош, 138,83 во Миладиновци и 109,78 во Центар.
Во Битола се регистрирани 125,49 микрограми на метар кубен, во Кичево 148,05, во Тетово 95,82, во Велес 126,87, во Кочани 118,48 и во Куманово 83,81.







