Властите во Холандија се обидуваат да се справат со рекордното ниво на заболени со рак на кожата во земјата, па како една од мерките спроти невообичаено високите температури во Средна Европа, холандските граѓани ќе добиваат бесплатни креми за заштита од Сонцето ова лето, објави „Гардијан“.
Дозери за креми за сончање ќе бидат достапни ова лето во училиштата и универзитетите, на фестивалите, во парковите, спортските места и отворените јавни површини низ земјата, според Владата.
Со тоа се цели да им се овозможи на сите пристап до заштита, без луѓето да бидат вознемирени од фактори како што се трошоците.
(Извор: МИА)







