Разликите меѓу платите на работниците во источните земји на ЕУ и платите во западноевропските членки се се подрастични.
Во десет источни членки платите се повеќе од половина помали, изнесуваат третина, петина па дури и дестина од износот на просечните зпадноевропски плати. Во Хрватска платите во 2016 година изнесувале 36,9% од просечната западноевропска плата. Тој удел во 2008 година изнесуваше 43,5% па Хрватска бележи најголем пад на платите од 2008 навака, покажува вчера објавеното истражување на Европскиот синдикален институт (ETUI).
Токму 2008 година, кога почна кризата, била пресвртница за трендот на постапно приближување на источноевропските плати кон западните, како што се забележува од 1995 година, пишува „Вечерњи лист“.
Кризата ја укина конвергенцијата на платите во 11 посиромашни држави членки на Унијата, пишува „Социјална Европа“ (Social Europa). Од тогаш во шест од тие држави разликите во платите се зголемија.
Освен во Хрватска, пад на платите е забележан во Унгарија, Полска, Романија, Чешка и Словенија.
Словенија, пак, е единствена која има плати кои надминуваат половина од западноевропскиот просек (60%) и нивните само еден постотен поен паднаа во периодот што е опфатен за анализата.
Бугарија е на дното на табелата, но истовремено бележи највисок раст на платите, 5,9%. Позабележителен раст бележи и Естонија (5,3%).
Естер Ланч, секретар на Европската конфедерација на синдикати (ETUC), оценувајќи ги овие разлики и резултатот на експлоатација на работниците за шокантни.
„Во кризата на истокот на ЕУ замрзнувањата и снижувањата на платите беа пораширени, а зголемувањата на платите помали затоа што работодавачите можеа полесно со тоа да се „провлечат“. Се разбира, разликите во продуктивноста и трошоците на животот значат дека платите нема да бидат исти, но тоа не ги објаснува така големите разлики. На работниците во источниот дел од Унијата им треба зголемување на платигте поголемо од инфлацијата и растот на продуктивноста за да се надомести претходното искористување. ЕУ и националните влади треба да го поттикнат колективното преговарање и силни синдикати и организации на работодавачи. Мултинационалните компании на истокот на ЕУ треба да исплатуваат реални плати и да го почитуваат правото на работникот на колективно преговарање. Многу од тие компании се многу добри кога станува збор за почитување на синдикалните права во своите матични земји, но тоа не е случај кога ќе дојдат на исток на Унијата, рече Ланч, додавајќи дека треба да ги зголемат и минималните плати.
Хрватскиот синдикат бара зголемување на минималните плати на 50% од просечната „европска плата“. Бараат и општ раст на платите за да се подигне животниот стандард на граѓаните и нивната куповна моќ, што би влијаел на понатамошниот економски раст.
„Ако работодавачите и Владата итно не ги прифатат нашите барања, на Хрватска и се заканува сериозен ризик да остане закована на европското дно со ниски плати, а на врвот да бидеме само по бројките за иселувањето. И додека слушаме за туристички рекорди и раст на БДП-то, не можеме веќе да ги прифатиме тврдењата дека уште не дошло времето за раст на платите. Сегашната состојба е неодржлива економски, социјално и морално. Ако итно не се превземат одговорни чекори, ќе бидеме одлучни во превземањето на „индустриски“ и други дејствија. Време е да се стави крај на експлоатацијата на работниците, предупредува Младен Новосел, раководител на хрватскиот синдикат.







