Осум милитанти загинаа денес во Чеченија, на северот на земјата, откако не ја почитувале наредбата да застанат на контролен пункт.
Чеченската полиција реагирала по нивното бегство и откако почнале да пукаат.
Според зборовите на претставник на чеченската полиција, осумината милитанти превезувајќи се во два автомобила отвориле оган од автоматско оружје и фрлиле бомби на полицајците.
Постојат сомневања дека меѓу убиените е лидерот на милитантите Али Демиханов, кој се наоѓа на федерална потерница.
При акцијата се ранети четири полицајци, меѓутоа, тие се надвор од животна опасност.







