Безбедносниот ексерт Трој Хунт, кој инаку го води интернет сервисот Have I Been Pwned?, дошол во посед на огромна база на меил адреси составени од страна на спамери.
Оваа база содржи околу 711 милиони меил адреси кои низ годините биле затрупувани со разна безвредна и којзнае каква друга, можеби и опасна, електронска пошта.
Хунт вели дека количината на меил адресите лесно е да се визуелизира – бројот на компромитираните адреси е споредлив со бројот на жителите во цела Европа.
Во базата се наоѓаат и повеќе десетици милиони лозинки поврзани со компјутери, електронска пошта, како и со податоци за пристап СМТП сервери. Нив, се претпоставува, спамерите ги користеле за дистрибуција на спам поштата.
Хунт сите меил адреси пронајдени во овие документи ги извлекол и ги вклучил во својот сервис, па на ова место можете да проверите дали и вашата адреса се наоѓа меѓу компромитираните. Ако ја пронајдете таму, експертите препорачуваат да ја смените лозинката и да ја направите посилна и различна за секоја услуга и секаде каде што е можно да користите двофаторска идентификација или некој од програмите за управување со лозинки.